АНКАРА (АА) – Заменик-премиерот и портпарол на Владата на Република Турција, Нуман Куртулмуш, во изјавата за медиумите на паузата на Советот на министри на Турција упати остра критика до Меѓународната агенција за кредитна оценка „Мудис“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Една од темите на дневен ред на Советот на министри е намалувањето на кредитниот рејтинг на Турција од страна на „Мудис“ (Moody's) и неговото трансформирање како стагнација. Би сакал нешто јасно да кажам, без да заобиколувам: проценката што ја направи ‘Мудис’ во потполност е со политичка заднина. Доколку погледнете на содржината од проценката, ќе забележите голем број анализи со политичка содржина. Но она што ние не го разбираме е како анализата од 21 септември, изработена од страна на аналитичарите на ‘Мудис’ и нивниот поглед кон перспективата, во рок од два дена во потполност се сврте во обратна насока. Се мачиме да го разбереме тој момент“.
Заменик-премиерот Куртулмуш понатаму во изјавата вели:
„Како досега оваа организација во врска со рејтингот на турската економија не изјави ‘Браво, колку добро напредувате’, ниту рекоа дека сѐ не е толку розово. Денеска, каков било рејтинг искажан од страна на оваа организација за турската економија и нејзино окарактеризирање како стагнација, ние не го прифаќаме како да е крај на светот“.
Во врска со односите на Турција со ЕУ и отворањето нови поглавја, заменикот-премиерот Куртулмуш го рече:
„Турција се согласува да се отворат нови поглавја со ЕУ. Турција не стравува од отворањето на поглавјата, особено не околу поглавјата 23 и 24, за слободата на мислење и изразување и слободата на медиумите. Нема никаква причина Турција да се двоуми околу отворањето на овие поглавја и повлекување чекор наназад. Сакам да повторам дека како и отворањето на секое ново поглавје, и отворањето на овие поглавја е желба на Турција“.
Во однос на реформите во судството, заменик-премиерот Куртулмуш истакна дека нацрт-законот за кривична постака бил многу добро претставен од страна на министерот за правда Бекир Боздаг на Советото на министери.
„Нацрт-законот на Законот за кривична постапка и потребните измени и надополнувања по некои тематики во Законот, на многу софистициран начин беше претставен од министерот за правда на Турција, Бекир Боздаг, на Советот на министри. Засегнатите министри во текот на неделата ќе ги подготват своите видувања во врска со измените и надополнувањата во нацрт-законот и следната недела тоа ќе биде дадено на одобрување пред Советот на министри. Со овој предлог-закон ќе бидат направени голем број чекори за поквалитетни реформи“.
Заменик-премиерот и портпарол на Владата на Турција, Куртулмуш, зборуваше и за ситуацијата во Сирија и за учесниците во операцијата „Штитот на Еуфрат“:
„Јасен е ставот на Турција во врска со операциите насочени кон Рака и Мосул. Ние и на двете локации го браниме ставот дека главен елемент и во Рака и во Мосул се операциите на локалните сили. Тоа се всушност и сили што делуваат во овие градови, елементите на умерената опозиција, која претставува основа на операциите во Рака и Мосул, и спроведување на овие операции под контрола на меѓународните коалициски сили. За Турција особено е битно и во двете операции свое учество да не земат силите на ПЈД и ЈПГ“.
news_share_descriptionsubscription_contact


