Ivana Ramadanova
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Дел од граѓанските здруженија денеска оддржаа прес конференција на која беа претставени препораките за Македонија од комитетот на ОН за социјални, економски и културни права, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од препораките се спомнуваат Пописот на населението, Народниот првобранител, корупцијата и недискриминацијата. Не се изоставени ниту барателите на азил и бегалците, безплатната правна помош, сексуалното и репродуктивното здравје, Ромите, ЛГБТ лицата, употребата на дроги, еднаквоста помеѓу мажите и жените, правото на социјална заштита, пристаппт до заштитата на жртвите на семејното насилство.
Орагнизаторите велат дека комитетот исто така е загрижен што не постојат докази за примена на Пактот во судската пракса и бара од државата да ја информира јавноста за препораките од 2016 година, додавајќи дека Комитетот и порача на Македонија да ги вклучи сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за заштита од дискриминација.
Според Елизабета Божиновска од невладината организација Хера, во делот на сексуалното и продуктивното задравје, Комитетот повторно посочува дека во земјата нема соодветен пристап до гинеколошките услуги, модерната котрацепција, а Законот за прекинување на бременоста од 2013 година е крајно проблематичен.
„Комитетот бележи дека Македонија во училиштата има несоодветно и застарено сексуално образование. Затоа препорачува земјата да ги превземе сите неопходни мерки за да го унапреди образованието за сексуално и репродуктивно здравје во училиштата за да биде релевантно, соодветно на возраста и засновано на човековите права, да осигура дека модерната контрацепција е достапна до сите, вклучувајќи додавање на модерната контрацепција во позитивната листа на лекови покриена од Фондот за здравствено осигурување", изјави Божиновска.
Комитетот е загрижен и за неефективната имплементација на здравствените политики наменети за Роми, како и за структурната дискриминација со кој тие се соочуваат. Од таму и препорачуваат на државата да ги превземе сите неопходни мерки за зголемување на бројот на гинеколозите и за овозможување пристап д гинеколошки здравствени услуги на сите жени во нивните општини, а особено во Шуто Оризари.