Dzihat Aliju
02 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржува 27-то Европско првенство во Кендо, чиј домаќин беше Македонија, на кое присуствуваа голем број спортисти од 37 земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Македонија во оваа лига ја претставуваат шест натпреварувачи во машка и една натпреварувачка во женска конкуренција. На првенството учествуваат и други земји од Балканот како што се: Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија.
На првенството учествуваше и екипата од Турција. Во изјава за новинарот на АА, претседателот на Кендо Здружението од Турција, Мерт Озјилмаз, покажувајќи дека спортот Кендо во Турција започнал поединечно во 2000-те години, тој рече дека со зголемувањето на учесниците се создало едно здружение. Тој кажа дека веќе имаат активни 150 спортисти кои ја претставуваат Турција на европските и светски натпревари.
Од друга страна, менаџерот на тимот од Турција, Мехмет Хошгоз, изјави дека 14 години се занимава со овој спорт.
Тој истакна дека вчера имаше натпревари во екипна женска конкуренција, а дека денес се натпреварите во машка конкуренција, а следниот ден индивидуалните натпревари на мажите и жените.
Хошгоз, кој истакна дека се обидуваат да ја претставуваат Турција на најдобар можен начин, рече: „Ова е 8-мo Европското првенство на коe учествуваме. Исто така, ние учествувавме и на светското првенство 2015 година, и го освоивме 3-то место во балканското првенство”.
Екипите на Италија во машка и Франција во женска конкуренција се победници во екипниот дел за јуниори на Европското првенство во Кендо, на натпреварите кои се одржаа вчера.
Кендо е модерна јапонска боречка вештина во којашто се користи бамбус меч (Shinai) и заштитен оклоп (bogu), која датира од пред неколку векови. Меѓународната Кендо федерација е формирана во 1970 година, од кога започнаа и меѓународните натпревари.