Özcan Yıldırım
15 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската војска, Хулуси Акар, денес во Анкара го прими началникот на Генералштабот на руската војска, Валери Герасимов, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на турската армија Акар, својот руски колега Герасимов го дочека со најголеми почести во седиштето на Генералштабот во Анкара.
По пригодната воена парада и интонирањето на националната химна на Турција и Русија, Акар и Герасимов состанокот го продолжија без присуство на претставниците на медиумите.
Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека главна тема на средбата меѓу Герасимов и Акар ќе биде билатералната воена соработка и актуелната ситуација во Сирија.
Билатералните односи меѓу официјална Москва и Анкара беа блокирани по ноемвриското соборување на рускиот воен авион, кој за време на операциите во Сирија го повреди воздушниот простор. Процесот на нормализација на тие односи официјално започна на 9 август кога во Санкт Петербург се состанаа претседателите на двете земји, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.