Tuğrul Çam
17 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот Стејт Департмент го осуди терористичкиот напад во Анкара и изрази сочуство за жртвите на нападот, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Стејт Департментот Марк Тонер на конференција за медиумите рече дека ги следат случувањата во Турција.
"Изразуваме искрено сочуство со жртвите на нападот" рече Тонер.
Истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) се заедно со Турција и дека понатаму ќе ја продолжат силната борба против тероризмот.
"Повторно го потврдуваме нашето силно партнерство со Турција во борбата против терористичките закани", рече Тонер.
Германската канцеларка Ангела Меркел остро го осуди терористичкиот напад кој вечерва се случи во Анкара.
„Заедно сме со Турција во борбата против оние кои изведуваат нечовечки напади“, истакна Меркел во пишаното соопштение.
Истакна дека е шокирана од терористичкиот напад во турската престолнина, додавајќи дека германскиот народ е со Турција и нејзините граѓани.
„Германците сочувствуваат со вас. Заедно сме со Турција во борбата против оние кои изведуваат вакви напади“, порача Меркел.
Таа изрази сочувство на семејствата на жртвите, а на ранетите им посака брзо опоравување.
Кабинетот на претседателот на Франција исто така го осуди терористичкиот напад во турската престолнина. Наведоа дека Франција е со Турција и нејзиниот народ.
Британскиот амбасадор во Анкара Ричард Мур исто така го осуди терористичкиот напад кој во вечерните часови е изведен во Анкара.
"Велика Британија е заедно со Турција во овој тежок момент. Осудувам секој вид на тероризам", наведе Мур на Твитер.
Британскиот шеф на дипломатија Филип Хамонд изјави дека мислите на Британците се со Турција.
"Моите мисли се со жртите на терористичкиот напад во Анкара. Велика Британија го осудува немилосрдното насилство" ,рече Хамонд.
Италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Гентилони упати порака на сочуство со жртвите на тероризмот во Турција.
"Италија се солидализира со турскиот народ и турската влада" , рече тој.
Од Европската Унија (ЕУ) порачаа дека дека се со Турција и турскиот народ во овие тешки моменти.
"Се солидализираме со турскиот народ и со неговите функционери.Во овие тешки моменти ние сме со Турција и нејзиниот народ. Заедно сме со оние кои се погодени со ова насилство и тероризмот" , порачаа од институциите на ЕУ.
Терористичкиот напад, помеѓу останатите, го осудија и челниците на Катар и Азербејџан.