Dzihat Aliju
15 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Турската амбасада во Скопје денеска одржа информативна прес-конференција во врска со помошта и активностите во регионите погодени од поплавите во Скопје и околината, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата одржана во турската Амбасада во Скопје присуствуваше и турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендил, координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) Teoман Тирјаки, советникот на градоначалникот на град Истанбул, и заменик-претседателот на турската Црвена полумесечина, Исмаил Хаки Турунч, претставници на турските институции кои се во Скопје за помош на погодените, како и претставници на невладиниот сектор во Македонија.
Турскиот амбасадор, Омур Шолендил, во својата изјава за медиумите рече дека тој лично го посетил подрачјето зафатено со поплавите, и како и секогаш, со брзо делување Турција ги ангажирала сите можности да ѝ помогне на пријателската и братска земја Македонија.
Тој исто така истакна дека турските институции и општини, како што се турската полумесечина, турската Дирекција за справување со катастрофи и вонредни ситуации (AFAD), ТИКА, општината на град Истанбул, општина Бурса (БББ), општина Ејуп во Истанбул, се вклучиле многу бргу во акцијата и рече дека соработувале со Црвениот крст на Република Македонија и македонските власти.
Шолендил истакна дека под раководство на турската Амбасада во земјата формиран е Совет за координација.
"Во овој Совет учествуваат Црвената полумесечина, АФАД, ТИКА, општините од Турција како и претставници на невладини организации. Се прави утврдување на потребната помош од прва рака, на координиран начин. Овој секретаријат за координација е активен 24 часа. Сета активност и помош се реализира без дискриминација на сите наши браќа во Македонија. Со голема волја продолжуваме да ја нудиме потребната помош".
Од друга страна, советникот на претседателот на општината на градот Истанбул (IBB), и заменик-претседателот на турската Црвена полумесечина, Исмаил Хаки Турунч, повикувајќи се на техничката страна на помошта, рече дека како дел од општина Истанбул, во првата помош донесени се 14 возила со висока техничка опременост, заедно со 34 ангажирани лица.
Напоменувајќи се дека со поддршката што ја добиле од турската Амбасада во земјава и со активноста на невладините организации, Турунч рече дека ја продолжуваат својата работа со 21 возила и 42 ангажирани лица.
Тој понатаму вели дека како резултат на работата која тие ќе ја продолжат во втората фаза, истакна дека "Како резултат на нашите активности, од расчистувањето на населбите нашата активност ќе се движи кон втората фаза. Почнавме кампања со која се предвидува носење помош од Турција која ќе ги задоволи потребите на погодените. Општина Бурса, пред започнувањето на кампањата значително рано испрати одредена помош . Од утре кампањите започнати од Унијата на општини на Турција, како и од страна на Унијата на општини од Мармара ќе обезбедат важен придонес тука. Исто така, кон тоа придонесуваат и ТИКА и АФАД".
Истакнувајќи дека понатамошната помош ќе ја дистрибуираат тимовите на Црвена полумесечина, заедно со невладините организации од земјава, и додаде: "Ниту кога ја делевме помошта ниту кога ги чистевме домовите и улиците, ниту пак верските објекти, ние не правевме никаква дискриминација".