Dzihat Aliju
30 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадата на Република Турција во Република Македонија приреди прием по повод 30. август – Ден на победата во Турција и Денот на Турските вооружени сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Скопје, на приемот организиран од страна на амбасадата на Република Турција во Македонија присуствуваа претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за правда, Билен Салији, министерот за здравство, Арбен Таравари, министерот без ресор задолжен за странски инвестици, Аднан Ќахил, голем број политичари, академици, дипломати, претставници на невладини организации и други поканети гости.
По интонирањето на националните химни на двете држави, свое обраќање имаше амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, која изјави дека извојувањето на победата во Ослободителната војна на 30. август претставува постојан извор на гордост за турскиот народ.
Зборувајќи за значењето на Денот на победата, амбасадорката Каја рече: „Прославувањето на овој значаен ден во оваа убава земја, пријателска и братска Македонија, за нас претставува особена среќа и гордост, бидејќи големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, командантот на безбројните борци кои ни овозможија да го славиме овој ден со победата на 30. август и човекот кој извојува безброј победи во Анадолија за време на Ослободителната војна, израснал во оваа земја и значаен дел од своето воено образование го добил во средното воено училиште во Битола“.
Амбасадорката Кара истакна дека им придаваат големо значење на повеќенасочните односи меѓу Македонија и Турција, посакувајќи ѝ на Македонија, како една просперитетна и стабилна земја на Балканот, членство во евроатланското семејство, бидејќи таа го заслужува тоа, и додаде дека Турција ќе ги вложи сите свои напори по тоа прашање.
Амбасадорката Кара потсети дека во јули беше одбележана годишнината од минатогодишниот предавнички обид за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО и истакна: „ФЕТО претставува нова генерација на терористички организации кои се присутни во голем број земји, меѓу кои и во Македонија. Она што Турција го доживеа пред една година е показател за тоа што оваа организација може да го направи и во останатите земји. Затоа е потребно да се биде внимателен наспроти активностите што ги презема ФЕТО“.
На крајот од приемот беше прочитана поздравната порака што ја упати претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.