Mehmet Sıddık Kaya,Hasan Namlı
16 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во градот Сур, во областа Дијарбакир, врз полицијата во кампусот на универзитетот Диџле извршен е терористички напад во кој според првичните информации загина еден полицаец, а 4 полицајци се повреени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, додека полициско возило поминувало во близина на градилиштето на кампусот на универзитетот Диџле, се случила експлозија на бомба која покрај патот била поставена од страна на терористите на ПКК.
Според првичните информации, од експлозијата животот го загубил еден полицаец, додека четворица полицајци се повредени.
Ранетите полицајци со амбулантни возила се префрлени во болницата на Медицинскиот факултет при Универзитетот Диџле.