Hakan Çopur
14 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Многу му благодарам на претседателот Ердоган, сега имаме шанса за фантастичен однос со Турција, порача американскиот претседател Доналд Трамп денес во Белата куќа, каде го прими американскиот свештеник Ендрју Крег Брансон, против кој во Турција е воден судски процес, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Турција вчера го осуди свештеникот Ендрју Крег Брансон на три години и 1,5 месец затвор, а тој беше обвинет за поддршка на терористички организации. Со оглед дека е земено в предвид времето поминато во притвор, Брансон вчера е пуштен на слобода, после што отпатува во САД.
Трамп во Овалниот кабинет го прими свештеникот Брансон и неговото семејство, а во таа пригода уште еднаш му се заблагодари на турскиот претседател Ердоган.
„Многу му благодарам на претседателот Ердоган, голем чекор кон враќање на нашите односи на старо. Сега имаме можност за фантастичен однос со Турција", рече Трамп.
Судот во Турција го осуди американскиот свештеник Ендрју Брансон на 3 години, 1,5 месец и 15 дена затвор, но истовремено му се укинати мерките за забрана, домашниот притвор и напуштањето на земјата, со што Брансон излегува на слобода. Истиот ден отпатува за Германија.
Ендрју Крег Брансон е уапсен на 9 декември 2016 година и оттогаш се наоѓа во притвор. Обвинет е за активности и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и ФЕТО.
На барање на Oбвинителството, Судот во Измир на 18 јули на американскиот свештеник му изрече мерка притвор за време на судската постапка, но поради неговите здравствени проблеми таа мерка е преиначена во домашен притвор.
Во обвинението што го подигна Обвинителството во Измир се наведува дека тој бил во контакт со членовите на терористичката организација ФЕТО.