Narges Rezai,Ahmet Dursun
13 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе фотографи од Иран се уапсени поради споделување на „непримерни“ фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранската новинска агенција ИРНА објави дека обвинителот во градот Шираз, Али Салихи, потврдил дека во овој град е уапсена група фотографи поради споделување на „непримерни“ фотографии на социјалната мрежа Инстаграм.
Салихи, исто така изјави дека на споменатите фотографи им е забранет пристап на социјалната мрежа, поради „поттикнување на народот на неморал“.
Во јули оваа година, во градот Бендер Абас, исто така се уапсени околу 40 лица поради споделување на слични фотографии.