Sarp Özer
02 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турската авијација во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат” на северниот дел од Сирија во последните 24 часа уништи осум позиции на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од турскиот Генералштаб, авионите на турските воздушни сили на подрачјата Ал Баб, Бзагах и Тадиф уништија осум позиции на ДЕАШ, меѓу кои складишта со муниција, засолништа на терористите и команди.
Покрај тоа, авијацијата на Руската Федерација изврши напади врз позициите на терористичката организација ДЕАШ во Дајр Как, осум километри југозападно од Ал Баб, на северниот дел на Сирија. Притоа уништени се повеќе позиции на ДЕАШ.