Selma Kasap
18 Ноември 2018•Ажурирај: 19 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку шестмина терористи се неутрализирани во текот на операцијата што турските сили ја изведоа синоќа на крајниот север на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската Војска соопшти дека воздухопловните сили на земјата извеле антитерористичка операција и уништиле засолниште во кое терористичкото движење ПКК подготвувало нов терористички напад во Турција.
Нападите се изведени во планинската регија на Зап и Синат-Хафтанин, при што се неутрализирани шестмина припадници на терористичката организација.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската оружена кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Планините Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат во северен Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важи за колевка на терористичкото движење ПКК.