СКОПЈЕ (АА) – Кординаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје, Теоман Тирјаки истакна дека преку Претставништвото на ТИКА во Скопје, која е отворена во 2006 година, тие даваат поддршка во напорите за развој на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Тирјаки во својата изјава дадена за АА, по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Турција и Македонија, ги процени извршените работи на ТИКА во Македонија.
Тирјаки укажа на тоа дека Турција е меѓу првите земји што ја признаа Македонија под уставното име и што назначија амбасадор во оваа земја, како и дека воспоставените пријателски односи пред независноста на државата продолжуваат со стабилен раст и по независноста на оваа држава.
Тој истакна дека блиската соработка меѓу двете држави продолжува да расте во политички, економски, воен, како и во социјален аспект, и истакна дека Турција во секоја област силно ја поддржува Македонија.
Тирјаки пренесе дека „ТИКА“ има реализирано илјадници проекти преку 56-те претставништва низ целиот свет, и дека со отворањето на претставништвото на „ТИКА“ во Скопје, во 2006 година, даваат поддршка во напорите за развој на Македонија.
Тој истакна дека во остварените средби со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, во рамките на посетите на претседателот на „ТИКА“, Сердар Чам во Македонија, укажал на важноста на проектите на „ТИКА“ во државата, и посочи дека овие проекти се извор на радост за граѓаните на Македонија.
- Во Македонија се реализирани 600 проекти вредни 32 милиони евра
„Реализирани се проекти и активности од разни области како здравство, хигиена на водата, земјоделство и сточарство, зајакнување на административната и цивилната инфраструктура, стручна обука и зголемување на капацитетите, културна соработка и реставрации“, истакна Тирјаки, потсетувајќи дека во Македонија се реализирани околу 600 проекти со вредност од околу 32 милиони евра.
Тирјаки потсети дека „ТИКА“ има реализирано многу проекти во областа на културното наследство, особено како проектот за изградбата на Спомен-куќата на Али Риза ефендија, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, во селото Коџаџик, а претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган учествуваше на свеченото отворање на овој проект. Исто така, тој додава дека се завршени и многу реставрации.
Тирјаки истакна дека „ТИКА“ реализира проекти поврзани со борбата против невработеноста, како и за зголемување на вработеноста со помош на професионални обуки. Тој рече дека со завршениот проект за подобрување на квалитетот и производството на ориз во Македонија, ги поттикнувале економските инвестиции во регионот.
- Проектите на „ТИКА“ во Македонија, избрани за најдобри проекти во Обединетите нации
Тирјаки истакна дека со проектите за развој на пчеларството и овоштарството, за развој на одгледувањето на калинка и памук, како и за развој на оранжериското градинарство, во Источна Македонија придонесуваат за квалитетниот животен стандард на жителите што живеат во рурална средина, како и за остварување на високо ниво на приходи за овие луѓе.
„Проектот на ‘ТИКА’ за пчеларството во Источна Македонија, во 2006 година ја доби наградата за „Најдобар реализиран проект“ на Обединетите нации. Проектот за подобрување на квалитетот и производството на ориз во Македонија од страна на македонските научници им беше претставен на земјите-учесници на Хуманитарниот самит на Обединетите нации, кој во 2016 година се одржа во Истанбул, а на него учествуваа над 125 земји, и освои признанија за резултатите“, додаде тој.
- Реализирани се проекти и во областа на здравството
Тирјаки даде информации за извршените проекти во областа на здравството во државата, и истакна дека го изградиле Ургентниот центар на државната болница во Скопје, и истиот објект бил пуштен во употреба со најмодерна опрема.
Тој истакна дека со дадената поддршка од аспект на техничка опрема, брза помош, единици за новородени, придонесуваат за намалување на нивото на смртност кај децата, како и за подобрување на капацитетот за итната медицинска помош.
- „ТИКА“ обрнува внимание на образованието, коешто е темел на развојот во Македонија
„’ТИКА’ пренесува знаење и искуство со извршените професионални обуки во повеќе области во Македонија, како на универзитетите и во финансискиот сектор“, вели Тирјаки, истакнувајќи дека тие, како „ТИКА“, дават поддршка и за образованието.
Тирјаки истакнува дека со реализираните инвестиции во образованието, тие креирале средина во која се задоволуваат потребите на државата, и дека даваат поддршка на сите граѓани во областа на образованието, без оглед на етничката припадност.
news_share_descriptionsubscription_contact
contact_the_ombudsman
is_there_an_error_in_this_story


