Ogün Duru
25 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција денес соопшти дека референдумот кој се одржува денес во северен Ирак, организиран со еднострана одлука на Регионалната курдска управа (IKBY), од аспект на неговите резултати е ништовен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не го признаваме овој обид кој нема легитимитет ниту од аспект на меѓународното право, ни според Уставот на Ирак, ниту пак има некое друго правно втемелување“, се соопштува од турското МНР.