Adel Ömeragiç
23 Јуни 2016•Ажурирај: 24 Јуни 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Пратениците на албанскиот парламент денес едногласно го ратификуваа протоколот за пристап на Црна Гора во НАТО. За ратификација гласаа 109 пратеници, додека гласови против ваква одлука немаше, јавува Anadolu Agency (AA).
Така Албанија стана петта земја која го ратификуваше протоколот. Претходно тоа го направија Исланд, Словенија, Словачка и Унгарија.
На денешната седница на албанскиот парламент присуствуваше претседателот на Собранието на Црна Гора, Дарко Пајовиќ.
Црна Гора на 19-ти мај во Брисел го потпиша договорот за полноправно членство во НАТО. Во рамките на тој процес, потребно е сите членки на НАТО во своите парламенти, да го ратификуваат наведениот Протокол. На крајот останува ратификација на тој документ од Црна Гора, со што процесот завршува.
Процесот на ратификација на протоколот во парламентите на 28-те членки на Алијанската, како што е најавено повеќепати претходно, би требало да заврши до средината на 2017 година. На следниот самит на НАТО, кој ќе биде одржан во Варшава, Црна Гора ќе има статус на набљудувач.