Alma Çekovic
16 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
ПРАГА (AA) - Земјите на Вишеградската група (В4) која ја сочинуваат Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, сакаат силна Европа без линија на поделби и се залагаат за проширување на ЕУ, заклучено е на состанокот на премиерите на Вишеградската група во Прага, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како да се избори со бегалската криза, посебно преку западната рута која бегалците ја користат за да преку Грција дојдат до земјите на западна Европа беше тема на вториот дел од состанокот по повод 25 годишнина од постоењето на Вишеградската група
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, чешкиот Бохуслов Соботка, премиерката на Полска Беата Зидлова и словачкиот премиер Роберт Фицо се состанаа и со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и бугарскиот премиер Бојко Борисов за да разговараат околу таа тема.
Премиерите на В4 се согласија дека спроведувањето на политиките на ниво на ЕУ е приоритет за оваа година, повикаа на решавање на причините кои стојат позади бегалскиот бран, како што е завршување на војната во Сирија.
Воспоставување на европска гранична и крајбрежна стража и имплементација на заеднички Акционен план на Европската унија и Турција две конкретни подрачја каде повикаа на акција.
Тие предупредија на "ризик од негативни последници од потенцијално појавување на такви нови линии на поделби. Уверени сме дека сите наши европски партнери ја делат нашата решителност и дека се спремни на заедничко делување во тој дух", се наведува во заедничкото соопштение на премиерите.
Премиерите на земјите на В4 сметаат дека ЕУ мора да остане отворена за земјите кандидати, а европските интеграции мораат да се продлабочат.
"Недвосмислено се залагаме за проширување на ЕУ како средство на ширење на областите на стабилност и просперитет", се истакнува во соопштението и се додава дека треба "да се остават отворени вратите на ЕУ за идните кандидати" .
Истакнувајќи дека "продлабочувањето на европските интеграции е од клучна важност", премиерите се сложија дека сакаат ЕУ "да биде силна, а на силна Унија и е потребна силна Вишеградска гупа" .