Bekim Laci
20 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Канцеларијата на Европската унија во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање го одржаа завршниот настан на проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за спроведување на АКИ во областа на животната средина, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Мартин Клауке, во својот говор рече дека помошта од шпанскикте и холандските партнери, ќе им помогне на властите на земјата да го зајакнат законодавството во областа на животната средина, бидејќи проектот е спроведен од страна на експерти од двете горенаведени земји, истакнувајќи го исто така вклучувањето на државниот инспекторат, кој многу помогнал во постигнување на нивните цели.
„Дизајниран е софтвер кој ќе им помогне на инспекторите да извршат планирање на најдобар начин, имајќи ги во предвид загрозувањата од индустриските активности. Истотака се спроведе обука во областа на животната средина на централно и локално ниво за подобрување на квалитетот на инспекција“, рече Клауке.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, во својот говор рече дека во текот на изминатите две години работеле заедно со експерти од Шпанија и Холандија во насока на создавање подобри закони за инспекциски надзор.
„Ова значи не само подобрување на усогласувањето на закони кои се однесуваат на работата на системот за инспекција, но, исто така, најдобар начин на употреба на инспекциските ресурси“, рече Амети.
Главната цел на твининг проектот беше подобрувањето на законите на системот на инспекција и инспекторите од областа на животната средина, предлагањето промени во институциите кои се однесуваат на инспекцијата на животната средина, подобрувањето на планирањето на инспекциските надлежни органи,спроведување на АКИ (одредбите на законодавството на ЕУ) додека неговата вредност достигнува милион евра.