Yusuf Hatip
07 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
БРИСЕЛ (АА) – Претседателот на Европската комисија на ЕУ, Жан-Клод Јункер, во однос на референдумот за Брегзит во Велика Британија во 2016 година, истакна: „Не, интервенирањето на ЕУ беше грешка, затоа што лагите што ги ширеа [поддржувачите на Брегзит] можевме само ние да ги поправиме“, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер, на прес-конференција во Брисел, истакна дека негова грешка e што молчел пред референдумот за Брегзит, и додаде дека институциите на ЕУ одговориле на барањата на тогашниот британски премиер Дејвид Камерон, кој предупредил да не се мешаат во нивните внатрешни работи.
Претседателот на Европската комисија со самокритичност во врска со процесот на референдумот во 2016 година во Велика Британија, рече: „Неинтервенирањето на ЕУ беше грешка, затоа што лагите што ги ширеа [поддржувачите не Брегзит] можевме само ние да ги поправиме.“
Јункер, напоменувајќи дека трговската војна меѓу САД и Кина негативно влијае на глобалната економија, нагласи: „Економските проблеми во светот, во голема мера треба да се читаат низ трговската војна меѓу САД и Кина. Ако инвеститорите не веруваат дека овој проблем ќе биде разрешен во блиска иднина, инвестициите и на двете страни на Атлантикот ќе бидат намалени.“
Критикувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, Јункер истакна: „Не мислам дека можеме да му веруваме на американскиот претседател во трговските односи меѓу САД и ЕУ.“