Merve Berker
23 Јануари 2026•Ажурирај: 26 Јануари 2026
АНКАРА (АА) - Бројот на жртви во протестите во Иран се искачи на 5.002, соопшти американската Новинска агенција на активисти за човекови права (ХРАНА), јавува Анадолу.
Вкупно 26.752 лица се приведени до 26. ден од националните протести во земјата, според податоците собрани од организацијата.
Според извештајот, најмалку 7.391 лице се здобиле со тешки повреди за време на протестите.
Од минатиот месец Иран е потресен од бран протести, кои започнаа на 28 декември во Техеран, поради наглото намалување на вредноста на иранскиот ријал и влошувањето на економските услови. Подоцна демонстрациите се проширија во неколку градови.
Официјалните лица ги обвинија САД и Израел дека ги поддржуваат „вооружените бунтовници“ што извршиле неколку напади на јавни места низ целата земја.
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше дека ќе го нападне Иран доколку се убиваат демонстранти, но подоцна го пофали Техеран за наводното откажување на стотици закажани егзекуции.