Fatih Hafız Mehmet
27 Јануари 2017•Ажурирај: 28 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот секретар на светската организација за туризам при ОН, Талеб Рифаи ги повика луѓето да продолжат да патуваат, и покрај заканата од терористички напади низ светот, јавува Anadoly Agency (AA).
Во обраќањето пред медиумите за време на денешната посета на Турскиот совет во Истанбул, тој изјави: „Кога ќе престанеме да патуваме, тероризмот ќе победи. Ние треба да продолжиме да патуваме и да ги држиме границите отворени“.
Рифаи изјави дека големиот број терористички напади во текот на изминатите неколку години имал негативно влијание врз туризмот секаде во светот. Тој додаде дека ниедна земја во светот не е 100 отсто безбедна против тероризмот.
Генералниот секретар на турскиот совет, амбасадорот Рамил Хасанов изјави: „Туризмот е можност луѓето да станат пријатели, да се запознаат, сакаат и да си дадат вредности едни на други“.
Хасанов се надева дека луѓетo ќе продолжат да патуваат и покрај терористичките закани.
Светската организација за туризам при ОН (UNWTO) е одговорна за промовирање на одговорен, одржлив и универзално достапен туризам.
Како водечка меѓународна организација во областа туризам, УНСТО го промовира туризмот како двигател на економскиот раст, инклузивен развој и одржливост на животната средина и нуди лидерство и поддршка на секторот во унапредување на знаењето и политиката на туризмот во светот.
Турскиот совет е основан во 2009 година како меѓународна меѓувладина организација, со цел да се промовира сеопфатна соработка меѓу земјите во кои се зборува турски. Нејзините четири основачки земји-членки се Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Турција.