Ata Ufuk Şeker
21 Февруари 2019•Ажурирај: 22 Февруари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, истакна дека повлекувањето на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ), наречено Брегзит, без договор, би имало ужасни економски и социјални последици, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер имаше свое обраќање на Генералното собрание на Европскиот економски и социјален комитет (EESC) во белгискиот главен град Брисел.
„Повлекувањето на Велика Британија од ЕУ без договор, би имало ужасни економски и социјални последици“, нагласи тој.
Јункер рече дека Брегзит е деструктивен и дека го претставува минатото, и потсети дека во моменталната состојба мала е можноста за повлекување со договор.
Тој изрази задоволство од тоа што младите во Европа излегуваат на улица за да привлечат внимание за климатските промени, и рече дека исто така и старите лица се решителни за борба против климатските промени.
Јункер изјави дека една четвртина од буџетот на ЕУ во периодот 2021 - 2027 година ќе се префрли во области за борба против климатските промени.