Hasan Esen
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
МАДРИД (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, коментирајќи ја операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, изјави дека Турција најмногу е изложена на терористичките напади од сите членки на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција е членка на НАТО која најмногу е изложена на терористички напади. Турција, како и другите земји, има право на одбрана, но важно е тоа се спроведува на пропорционален и умерен начин“, изјави Столтенберг за новинарите по посетата на Мадрид каде се состана со премиерот Маријано Рахој и шпанската министерка за одбрана, Марија Долорес де Коспедал.
„Тоа е порака која ја праќам кога разговарам со лидерите на другите земји, вклучувајќи ја и Турција. Минатата недела разговарав и со претседателот на Турција, Ердоган. Во постојан контакт сме со другите земји, вклучувајќи го и САД. Повикувам на директен контакт на САД и Турција за да се пронајде најдобар излез во пресрет со предизвиците на северниот дел на Сирија“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Тој се осврна и на соработката на Шпанија и сојузот на НАТО, напоменувајќи дека Алијансата ја поддржува 'силна Шпанија'.
„Обединета и силна Шпанија е добра и за сојузот на НАТО“, изјави Столтенберг, додавајќи дека сепак не сака да се меша во внатрешните прашања на таа земја.
Коспедал ја повтори посветеноста на нејзината земја на Алијансата, особено нагласувајќи го значењето на соработката на НАТО и ЕУ.
„Границите на НАТО се и граници на Шпанија“, нагласи шпанската министерка.