ИСТАНБУЛ (АА) - ЕКИПА -
Денеска се одбележува 828. годишнина од смртта на Селахадин Ејуби кој почина во Дамаск и стана еден од најважните херои на исламскиот свет откако Кудс (Ерусалим), кој е свет за трите аврамски религии, го ослободи од 88-годишната окупација на крстоносците.
Во делата на историчарите од Истокот и Западот се зборува со пофалби за Селахадин Ејуби, кој е првиот владетел кој ја користеше титулата „Слуга на Мека и Медина“, поради важноста што ја придаваше на територијата Хиџаз.
Кудс беше освоен во 638 година, периодот на Калифатот на Омар Ибн ел Хатаб, висок придружник на Божјиот пратеник Мухамед, додека долги години беше под владеењето на муслиманите. Кон крајот на Првата крстоносна војна во 1099 година, Кудс повторно беше окупиран од страна на христијаните.
Според информациите до кои дојде новинарот на Агенција Анадолија (АА) од различни извори, командантот кој го ослободи овој град од христијанска окупација, Селахадин Ејуби, е роден во 1138 година во ирачкиот град Тикрит. Неговиот татко е Неџмедин Ејуб, кој бил гувернер на Тикрит, Дамаск и Балебек во династијата Зенгид.
Селахадин Ејуби од млади години учествувал на експедициите против крстоносците.
- Стави крај на Фатимидскиот калифат
Селахадин во 1164 и 1169 година учествуваше во експедициите во Египет под командата на Еседудин Шикрух, командант на војската на Нуредин Зенги, а воедно и негов чичко, додека како заменик на Нуредин Махмуд Зенги, почна да управува со Египет и местата при Египет како независен владетел.
Влезе во борба против Фатимидите и нивните поддржувачи, крстоносците и Византијците, кои во тој период покажуваа отпор против него и против Турците.
Египет влезе целосно под негова власт, додека се реорганизираше војската. Отвори сунитски медреси и нови институции. Постепено ја отстрани фатимидската бирократија, и во 1171 година стави крај на Фатимидскиот калифат.
Салахадин Ејуби во 1170 и 1073 година учествуваше во експедиции против Крстоносните држави на Кудс, додека во 1173 година, под командата на неговиот брат Туран Шах, предводеше експедиции во Јемен и Хиџаз, кои станаа покраини на неговата држава.
По смртта на Нуредин Махмуд Зенги во 1174 година на негово место на власт дојде неговиот 11-годишен син Ел Меликус-Салих Исмаил. Салахадин беше лојален на Салих.
Но Салих почина на млада возраст, а по неговата смрт, Селахадин во 1181 година премина на источната страна на Еуфрат, каде што освои различни градови како Дијарбакир, Урфа, Каран, Рака, Хабур Расалајн, Дера, Нусајбин, а потоа го освои и Алепо, кој имаше стратешка важност, со што го отвори патот кон Кудс.
- Освојувањето на Кудс
Селахадин од една страна се обиде да ја спаси државата од распад и да обезбеди исламско единство на Средниот Исток, додека од друга страна беше принуден да се бори против крстоносците. Неговата прва важна операција во тој период против крстоносците е експедицијата во Газа-Аскалан која ја изврши помеѓу 14 ноември и 9 декември 1177 година.
Во текот на оваа експедиција реализирана од Египет, Селахадин Ејуби забележа дека непријателот покажува слаб отпор, и веднаш почна да се движи кон Ремле. Во овие рамки беше изложен на ненадеен упад на силите на Царството на Кудс под командата на кралот Балдуин Четврти и Ренаулд де Чатилон, против кои војуваше, и беше принуден да се повлече.
Во рок од два месеци Селахадин успеа да закрепне од раните на поразот во Ремле и тргна од Каиро кон Дамаск. Крстоносците кои го опколија Харим, по неговото доаѓање беа принудени да се повлечат.
На 24 август 1179 година го освои Калето на крстоносците во местото Бејтулахзан, на пат кон Дамаск. По ова, крстоносците беа принудени да побараат мир.
Селахадин освои голема победа на отворена битка против крстоносците во местото Хитин во 1187 година и ја уништи крстоносната војска, додека дел од војската ја зеде како заложник, меѓу кои и кралот Ги Лизињан, како и владетелот на зоната Керек-Шевбек, Ренаулд де Чатилон.
По оваа победа, Селахадин последователно освои и неколку тврдини во Палестина. Во рок од неколку недели тој освои 52 големи и мали градови, додека на 20 септември 1187 го опколи Кудс, а го освои на 2 октомври 1187 година.
- Со свои раце ја измете „Месџид-и Акса“ која беше оштетена од крстоносците
По ова, крстоносците беа отстранети од градот, додека Селахадин Ејуби дозволи другите христијани, како и Евреи, да се стационираат и живеат во градот.
Селахадин со свои раце ја измете „Месџид-и Акса“, која беше оштетена од крстоносците, и ја исчисти со розово масло, додека од „Харем-и Шериф“ ги отстрани симболите на христијаните.
По освојувањето беше отстранет и крстот на Кубетус Сахра, и по 88 години повторно беше читан езан во Кудс.
Во истата година Селахадин освои и неколку тврдини во Триполи, како и поголемиот дел од териториите на Кнежевството Антиохија.
Откако беше соборен Кудс, како и повеќе калиња, беше организирана друга Крстоносна војна со учество на сите земји од Западна Европа. Кртоносците во 1189 година ја опколија Акка. Пред Акка, речиси две години се одвиваа жестоки војни помеѓу војската на Селахадин и крстоносците.
Францускиот крал Филипе Аугустe, германскиот император Барбароса, британскиот крал Ричард, во војната учествуваа со своите војски и морнарици. Крстоносците на 11 јули 1191 година ја освоија Акка. Но, Селахадин ги собори сите обиди на крстоносците да го освојат Кудс. Потоа, на 1 септември 1192 година, двете страни постигнаа мировен договор кој траеше три години и осум месеци.
Извесно време откако постигна договор со крстоносците, Селахадин почина на 4 март 1193 година во Дамаск. Неговиот гроб се наоѓа во комплексот на Емевиската џамија.
- Стави крај на идеолошките фрагментации
Во периодот на неговата смрт се читаа хутби (проповед за време на петочната молитва) во негово име во различни места: Египет, Либија, Јемен, Палестина, Сирија, Малатја, Ахлат, Источна и Југоисточна Анадолија, Хемедан, како и Северен Ирак.
Селахадин Ејуби во историјата влезе како голем државник кој воспостави политичко единство кое опфати поширока област. Селахадин формираше моќна војска и државна организација која добро функционираше, и ставајќи крај на Фатимидскиот калифат, стави крај и на идеолошките фрагментации во регионот.
Друг голем успех на Селахадин Ејуби кој влезе во историјата е тоа што го ослободи Кудс, како и голем број места кои беа под владеење на крстоносците. Тоа што го освои Кудс му овозможи да стане еден од најважните херои во исламскиот свет.
Во периодот на Селахадин Ејуби кој одблизу беше заинтересиран за активностите за реконструкција, голем број медреси, џамии, мостови, калиња, амами беа изградени во Палестина, Египет, Хиџаз и Јемен.
Бидејќи им придаваше важност на научниците и уметниците, Сирија и Египет станаа важни научни центри на исламскиот свет. Селахадин Ејуби придаваше особена важност на Хиџаз, особено на Мека и Медина, и беше првиот владетел кој ја користеше титулата „Слуга на Мека и Медина“.
- Историчарите од Истокот и Западот со пофалби зборуваа за него
Во неговата личност муслиманите забележуваа идеален султан, додека крстоносците забележуваа вистински исламски херој. Историчарите од Истокот и Западот за Селахадин зборуваа со пофалби во своите дела.
Францускиот историчар Алберт Чампдор го опиша Селахадин Ејуби како „најчист херој на исламот“, поради неговата храброст и праведност кон непријателите.
Селахадин Ејуби, што било и да се случеше, го одржуваше дадениот збор и сакаше да прости. Никогаш не ги казнуваше оние во кои имаше доверба. Дури и крстоносците против кои војуваше подолг период, го ценеа овој негов став.
Беше познат како дарежлив султан, а по неговата смрт, во неговото приватно богатство имаше само 1 египетски динар и 36 насридски дирхеми.
news_share_descriptionsubscription_contact


