Gülşen Çağatay
16 Септември 2019•Ажурирај: 18 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Првиот ден од работната недела, барел нафта од марката „Брент“ достигна цена од 66,57 долари, откако во саботата беше извршен напад врз два значајни нафтени објекти во Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во петокот, цената на барел нафта од марката „Брент“ на светските берзи изнесуваше 60,33 долари, но веќе денеска, почнувајќи од 7:38 часот, барел нафта „Брент“ достигна цена од 66,57 долари, што е раст од 10,34%. Во исто време, барел сурова нафта од видот Западен Тексас (WTI) има купувачи за 59,77 долари.
По нападите врз нафтените објекти на националната компанија „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во Саудиска Арабија започна да се зголемува цената на нафтата. Цената на барел нафта од марката „Брент“, која во утринските часови достигна цена и до 71,62 долари, го достигна највисокото ниво од 22 мај досега.
Министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Селман, претходно објави дека во саботата со беспилотни летала се нападнати два објекти на компанијата „Сауди Арамко“.
Премиерот Бин Селман во изјавата за саудиската новинска агенција СПА (SPA) изјави дека привремено е запрено производството на нафта во нафтените објекти во Абкаик и во Хураис на националната компанија „Сауди Арамко“, додавајќи дека загубите во производството ќе бидат надоместени од нафтените резерви.
Според веста што ја објави американскиот весник „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal)“, властите на Саудиска Арабија соопштила дека прекинот на производството до кој дојде поради нападот, делумно ќе можат да го надоместат, но за производство со полн капацитет ќе бидат потребни недели.
Од друга страна, во неделниот извештај што го објави компанијата за услуги за нафта и гас „Бејкер Хугс“ (Baker Hughes) се вели дека во периодот од 7 до 13 септември во САД за пет е намален бројот на нафтени платформи за дупчење, и дека во моментов изнесува 733.
Се истакнува дека технички, барел нафта „Брент“ ќе варира во границите од 66,37 до 66,59 долари, додека цената на барел нафта од зоната за поддршка би се движела од 66,15 до 65,93 по барел.