Saadet Firdevs Aparı
27 Август 2021•Ажурирај: 27 Август 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати во терористичките напади извршени во подрачјето каде што се наоѓа Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во авганистанскиот главен град Кабул, се зголеми на 90, додека повредени се најмалку 150 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), во терористичките напади загинаа најмалку 90 лица, меѓу кои 13 американски војници, додека 150 лица се повредени.
Талибански претставник кој остана анонимен, истакна дека загинале 28 талибанци, и додаде: „Ние имаме поголем број загубени животи од Американците.“
Тој рече дека нема потреба да се продолжи рокот за завршување на американските евакуации, кој е предвиден за 31 август.
Западен безбедносен службеник нагласи дека по нападите, забрзан е процесот на евакуација на цивилите, и дека се вршат редовни летови во оваа насока.
Синоќа се случија експлозии во подрачјето во близина на аеродромот во Кабул, каде што продолжуваат активностите за евакуација.
Нападите беа осудени од страна на голем број земји, и од талибанците.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе се одмаздат за овие напади, додавајќи дека нападите биле извршени од страна на група позната како ДЕАШ/Хорасан.