Selen Valente Rasquinho
21 Ноември 2025•Ажурирај: 22 Ноември 2025
БРИСЕЛ (АА) - Каја Калас, високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, ги повика САД да не ги одложуваат санкциите кон Русија, известува Анадолу.
Калас даде изјава за медиумите по министерскиот форум ЕУ - Азиско-пацифички Регион во Брисел.
Запрашана за нејзиниот став во врска со планот од 28 точки за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина подготвен од американската администрација, Калас нагласи дека за условите на секој мировен договор треба да одлучи Украина.
„Денес беше денот кога санкциите на САД кон Русија требаше да стапат во сила. Се надевам дека денес нема да слушнеме за одложување на овие санкции, бидејќи токму тоа го сака Русија“, рече Калас.
Што се однесува до ЕУ, Калас истакна дека Русија со резерва се однесува во врска со користењето на нејзините замрзнати средства за Украина во рамките на санкциите и додаде:
„Мора да бидеме многу решителни да не паднеме во оваа стапица.“