Burak Dağ
29 Септември 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
РИЈАД (АА) - Саудиска Арабија соопшти дека уапсила 10 припадници на терористичка ќелија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според официјалната новинска агенција СПА, портпаролот на Претседателството на Државната безбедност изјави дека 10 припадници на терористичка ќелија биле уапсени во рација на неколку адреси, а тројца од уапсените пред три години поминале воена обука во подрачја на Револуционерната гарда во Иран.
На адресите биле запленети оружје и експлозиви.
Идентитетот на уапсените не е откриен од безбедносни причини.
Иран не издаде соопштение за апсењата.