Ekipa
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Градоначалникот на Техеран, Мухамад Бакер Калибаф изјави дека во овој град се гладни над 70.000 семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
Калибаф во обраќањето на еден настан во Техеран порача дека во овој ирански град нема ниту една регистрирана социјална установа, и дека повеќе од 70.000 семејства ноќта ја минуваат гладни.
Иранскиот градоначалник истакна дека призна оти тие не презеле радикални мерки кога станува збор за борбата против дрогата и разводите бидејќи зад овие проблеми стојат сиромаштијата и невработеноста.