Furkan Naci Top
25 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
АТИНА (AA) - Најмалку две лица смртно страдаа, а две се повредени во пожар кој изби во бегалскиот камп на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата која доведе до пожар се случи во бегалскиот камп Мориа. Според достапните информации до експлозијата дојде од сеуште неутрврдени причини.
Експлозијата се случи во синоќа, после што на терен беа упатени противпожарникарни екипи и екипи на итна помош.
Според прелиминарните податоци, живот загуби една жена и дете, а повредена е исто така жена со дете. Повредените лица се наоѓаа во тешка здравствена состојба.
Постои загриженост дека бројката на мртвите би можела да биде зголемена.