Tevfik Durul
21 Февруари 2021•Ажурирај: 22 Февруари 2021
АТИНА
Грчкиот театарски актер и режисер Димитрис Лигнадис е уапсен под обвинение за сексуално злоупотребување на повеќе деца, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поранешниот шеф на Грчкиот национален театар е обвинет дека сексуално злоупотребувал најмалку две деца, меѓу кои е и 14-годишно девојче.
По пишувањето на грчките медиуми, полицијата вчера го привела Лигнадис и тој е задржан во притвор во Атина.
Во присуство на адвокат, Лигнадис на сослушувањето ги негирал обвинувањата.
Поради обвинувањата, Лигнадис кон почетокот на февруари поднесе оставка од функцијата во Грчкиот национален театар.
Грчката опозиција остро го критикува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерката за култура Лина Мендони, кои го именуваа Лигнадис на челната функција во театарот.
Медиумите во Грција овие денови пишуваат за бројни скандали на сексуално злоупотребување, а бран обвинувања на сметка на членови од спортскиот и културниот живот започна и Софија Бекатороу, која е поранешен олимписки првак во едрење. Таа рече дека во 1998 година била злоупотребувана од еден челник на Едриличарската федерација на Грција.