Ömer Tuğrul Çam
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
БРИСЕЛ
Портпаролот на Европката комисија Петер Стано изјави дека Европската унија (ЕУ) е задоволна од потпишувањето на договорот за прекин на огнот во Нагорно Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Моментално ги набљудуваме деталите за да можеме подобро да сфатиме какви ќе бидат последиците од договорот за прекин на огнот“, изјави Стано на прес-конференцијата.
Тој истакна дека ЕУ во повеќе наврати повикувала на прекин на огнот и изјави дека жалат поради лицата кои загинале за време на судирите.
Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за ставање крај на судирите во Нагорно Карабах. Договорот е постигнат синоќа со посредство на Русија и предвидува повлекување на американските сили од Лацин, Келбецер и Агдам.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во обраќањето до нацијата изјави дека договорот е победа на Азербејџан, а пораз на Ерменија.
Во Азербејџан граѓаните излегоа на улиците и го прославуваат договорот, додека во Ерменија граѓаните излегоа да протестираат поради потпишаниот документ.