Jeyhun Aliyev
25 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Во знак на одбележување на Светскиот ден на тестенини, статистиката на ЕУ покажува дека во текот на изминатата година во ЕУ биле произведени околу 5,4 милиони тони тестенини, јавува Anadolu Agency (AA).
Производството на тестенини во ЕУ во вредност од 5,3 милијарди евра (околу 6,05 милијарди долари) во 2017 година обележа раст од 60 отсто или 2 милиони тони во споредба со претходните 10 години.
„Италија е прва земја во ЕУ во производството на тестенини, околу 67 отсто од вкупното производство на ЕУ во однос на обемот и вредноста во текот на истиот период“, се вели во податоците на ЕУ.
Италија произведе 3,6 милиони тони тестенини во вредност од 3,5 милијарди евра (околу 4 милијарди долари) во 2017 година, што ја прави водечки извозник на паста во ЕУ, со извоз од 1,8 милиони тони или 76 проценти вкупно од земјите членки на ЕУ.
Околу 2,4 милиони тони тестенини беа извезени од земјите членки минатата година, а повеќе од половина од тоа, 67 отсто, беше извоз на другите земји членки.
Германија беше врвниот увозник на тестенини во истиот период, 363.000 тони, што претставува една четвртина од вкупниот увоз на земјите членки на ЕУ, по што следува Франција со 337.000 тони или 23 отсто од вкупниот увоз.
Во текот на претходната година, главна дестинација за извоз на тестенини надвор од ЕУ беа САД, со околу 167.000 тони, по што следуваше Јапонија, која увезе 77.000 тони тестенини од ЕУ.
Од Евростат се вели дека овие бројки се однесуваат на тестенини кои не се зготвени на ниту еден начин.