Selen Temizer
05 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
БРИСЕЛ (АА) - Комесарката за внатрешни работи на Европската Унија (ЕУ), Илва Јохансон, истакнувајќи дека Русија, систематското силување жени во Украина го користи како оружје, додаде дека постојат докази дека жртвите се на возраст од 10 до 78 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јохансон на пленарната седница на Европскиот парламент се осврна на состојбата на Украинките.
„Русија не води војна само против Украина, туку и против жените. Се зголемува и бројот на веродостојни извештаи дека руските војници силуваат жени, од 10-годишни девојчиња до жени на возаст од 78 години“, рече Јохансон, додавајќи дека „Русија го користи силувањето како воено оружје“.
Истакнувајќи дека 9 од 25 жени биле систематски силувани во подрум во украинскиот град Буча, Јохансон рече дека вчера разговарала со украинската вицепремиерка Олга Стефанишина која ја информирала дека се зголемуваат случаите на силување, за што предложила „формирање центри за преживување“ и за овој предлог побарала поддршка од ЕУ.
Нагласувајќи дека позитивно гледа на предлогот на Стефанишина, Јохансон рече дека за тоа ќе разговара со другите членови на Комисијата и додаде дека во моментов ЕУ за овие лица веќе обезбедила краткорочна итна поддршка за претрпена траума и долгорочна здравствена поддршка.