Yusuf Hatip
01 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
БРИСЕЛ (АА) – Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека високиот одзив на гласачите на локалните избори во Турција е показател за силната поврзаност на гласачите кон локалните демократски процеси, јавува Anadolu Agency (AA).
Кочијанчиќ на дневниот брифинг за новинарите истакна: „Високиот одзив на гласачите на локалните избори во Турција е показател за силната поврзаност на гласачите кон локалната демократија.“
Коцијанчиќ, исто така, наведе дека тие ќе ја земат предвид првичната проценка на Советот на Набљудувачката мисија на Европа за следење на изборите во Турција, додавајќи дека го очекуваат конечниот резултат.