Betül Yılmaz
16 Јуни 2025•Ажурирај: 17 Јуни 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија денес соопшти дека од петокот досега уништила повеќе од 120 ирански ракетни лансери, што претставува околу една третина од вкупниот капацитет на Иран, јавува Анадолу.
„Од почетокот на операцијата уништени се повеќе од 120 ракетни лансери - една третина од сите ирански лансери“, наведе воениот портпарол Авичај Адраи на својот профил на X.
Тој додаде дека синоќа околу 50 израелски борбени авиони ги таргетирале иранските складишта за ракети во Исфахан, Централен Иран.
Тој тврдеше дека биле уништени и над 20 ракети и некои ракети земја-земја.
Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, меѓу кои и воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.
Според израелските власти, од петокот досега во иранските напади загинале најмалку 24 лица, а стотици се повредени.
Иран, пак, информираше дека во израелските воздушни напади животот го загубиле најмалку 224 лица, а повеќе од 1.000 се ранети.