Ömer Faruk Yıldız
30 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Владата на Индонезија соопшти дека сепаратистичките групи во покраината Папуа ги прогласила за терористички, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за политика, правда и безбедност на Индонезија, Мухамед Махфуд, на прес-конференција говореше за зголемените насилства кои во последниот месец се извршени од сепаратистите низ Папуа.
Махфуд нагласи дека по насилствата, државниот министер Јоко Видодо упатил апел за операција против сепаратистите во оваа покраина.
„Како влада донесовме одлука сепаратистичките поединци и групи кои вршат насилство во Папуа да ги класифицираме како терористички“, рече Махфуд.
Инаку, сепаратистичките групи од почетокот на април вршат напади врз јавните институции во Папуа, додека на 25 април беше убиен и еден разузнавачки службеник на Индонезија.
Во судирот кој се случи помеѓу сепаратистите и војската на Индонезија на 25 април загина еден генерал.
Сепаратистичките групи во Папуа бараат да бидат независни од Индонезија со тврдење дека Холандија за време на колонијалниот период им ветила независна држава.