Ahmet Dursun
02 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џавад Зариф, на соопштението од Белата куќа дека Техеран ги прекршил условите од договорот уште пред тој да биде склучен, одговори само со еден збор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранскиот министер за надворешни работи, Зариф, изјавата од Белата куќа дека Техеран „ги прекрши условите од договорот и пред самото постоење на Договороот за нуклеарна програма“ ја сподели преку својот профил на Твитер и одговори со еден збор: „Сериозно?“
Иранската администрација соопшти дека лимитот на збогатен ураниум го зголемила над лимитот за резерви од 300 килограми утврден во Договорот за нуклеарната програма.
На таа изјава Белата куќа одговори: „Иран ги прекрши условите од договорот далеку пред склучувањето на Договорот за нуклеарната програма.“ Оваа изјава од Белата куќа беше пречекана со потсмев на социјалните медиуми.