Ahmet Dursun
25 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
АНКАРА (АА) - По терористичкиот напад во иранскиот град Ахваз, кој го изведе терористичката организација Ал Ахвазије, Иран побара од Велика Британија во земјата да ги лоцира сите припадници на оваа организација и да ги депортира, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од Велика Британија е побарано да ги открие сите припадници на терористичката организација, да го забрани нивното делување и да ги депортира“, порача амбасадорот на Иран во Велика Британија, Хамид Бајдинеџад.
Бајдинеџад реагираше на изјавите на гласноговорникот на терористичката организација, Јакуб Хура Тостори, кој по извршувањето на нападот говореше за телевизијата „Iran International“ со седиште во Лондон, и пофално зборуваше за нападот во Ахваз.
Тој, исто така, нагласи дека Иран за споменатиот телевизиски канал се пожалил на британската регулаторна агенција „Ofcom“, и порача дека е потребно да се спроведе истрага за незаконското работење на оваа телевизија.
Во нападот извршен во Ахваз во саботата загинаа 25 лица, а 69 беа ранети.
Медиумите објавија дека напаѓачите отвориле оган врз безбедносните сили, а нападот е извршен во текот на парадата организирана по повод Неделата на одбраната.
Демократскиот народен фронт „Ахваз“ или Ал Ахвазије е познат како сепаратистичка група која во југозападниот дел на Иран настојува да формира независна арапска управа.