Ekipa
23 Август 2018•Ажурирај: 24 Август 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку три милиони семејства во руралните подрачја на Иран немаат никакво социјално осигурување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Риза Ваиз Мехведи, од иранскиот Завод за социјално осигурување, за новинската агенција ИСНА истакна дека по објавеното истражување е утврдено дека околу три милиони семејства во руралните подрачја на земјата немаат никакво осигурување.
Мехведи додаде дека е во тек изведувањето на проекти чија цел е на населението во руралните подрачја да им се обезбеди социјално осигурување.
Како што рече, планот е во овие подрачја до крајот на годината во системот на осигурување да се стави барем по еден член од секое наведено семејство.
Мехведи додава дека на сточарите и на жителите на руралните подрачја државата им плаќа две третини од трошоците за социјално осигурување, но голем број сè уште се без осигурување.
Според податоците на Заводот за статистика на Иран, оваа земја има околу 80 милиони жители.