Muhammet Kurşun
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот врховен лидер Али Хаманеј го осуди повторното објавување на навредливите карикатури на божјиот пратеник Мухамед во францускиот магазин за хумор „Шарли Ебдо“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својата писмена изјава, Хаманеј изјави дека е „голем грев кој е непростлив“ тоа што Шарли Ебдо објавил карикатури со навреда за Пратеникот Мухамед.
„Објавувањето на светлото лице на Пратеникот уште еднаш ја откри омразата и непријателството на политичките и културните органи на западниот свет кон исламот и муслиманите.“
Забележувајќи дека „Шарли Ебдо“ не е осуден со образложение дека тоа е „слобода на изразување“, Хаманеј рече дека тоа е погрешно и има за цел да ја измами јавноста.
„Длабоката политика на ционистичките и империјалистичките сили игра голема улога во ваквите чекори. САД и Израел можеби спроведуваат такви активности за да го свртат вниманието на државите и нациите во Западна Азија од плановите што ги спроведуваат. Земјите во Западна Азија не треба да го заборават непријателството на Западот кон исламот и муслиманите.“
Списанието „Шарли Ебдо“ повторно објави карикатури со навредлива содржина за божјиот пратеник Мухамед.
Во ова хумористично списание пред и по нападот во јануари 2015 година беа објавени карикатури со навредлива содржина за него.