Seyit Ahmet Aytaç
23 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
ДОХА (АА) - Премиерот на Катар, Абдула бин Насер ал-Тани, денес изјави дека целта на Заливската криза е да се интервенира во внатрешните работи на Катар, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Целта на кризата е очигледна и сега сите гледаат дека целта е да се интервенира во внатрешните работи на Катар. Ова е црвена линија за катарскиот народ. Блокадата на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги има за цел внатрешните работи на Катар и тоа е неприфатливо", изјави катарскиот премиер за државната телевизија „Ал-Тани“.
Тој укажа на тоа дека меѓу тие земји и Катар не постои спор околу одредени гранични, царински и безбедносни прашања.
„Единствено решение за кризата е дијалогот без интервенција во суверенитетот и внатрешните работи“, изјави Ал Тани.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет на 5 јуни ги прекинаа дипломатските и други врски со Катар, обвинувајќи ја земјата за финансирање и поддршка на тероризмот.
Тие земји, исто така, се заканија и со дополнителни санкции кон Катар доколку официјална Доха не ја исполни листата на услови кои ѝ беа наметнати.