Selma Kasap
10 Февруари 2020•Ажурирај: 11 Февруари 2020
АНКАРА (AA) - Во рамките на правилата на ангажирање и легитимната одбрана одговорено е на артилерискиот напад на сирискиот режим во Идлиб, во кој загинаа пет турски војници, соопштено е од Министерството за одбрана на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведоа, имаа 115 режимски цели и според прелиминарните податоци, неутрализиран е 101 елемент на режимот.
На семејствата на загинатите војници изразено им е сочувство, а на ранетите им е посакано брзо опоравување, наведено е на социјалната мрежа Твитер.
„Нашите елементи кои се испратени како засилување во регионот Идлиб веднаш одговорија во рамките на правилата на ангажманот и легитимната одбрана по неодамнешните напади на режимот. Досега е утврдено дек се погодени 115 режимски цели во регионот, а според првите информации добиени од различни извори, се дознава дека е неутрализиран 101 режимски елемент, уништени се три тенка и два минофрлачи, а погоден е и хеликоптер", соопштено е од Министерството за одбрана.
Како што наведоа, продолжуваат со истите активности, во рамките на легитимната одбрана против поставените цели.
Во артилериски напад на режимските сили во Идлиб загинаа пет турски војници, додека пет се ранети, потврди претходно денеска Министерството за одбрана на Турција
Во соопштението на министерството е истакнато дека режимските сили интензивно изведуваат артилериски напади врз силите кои во регионот се испратени за да ги спречат судирите во Идлиб, да ги обезбедат границите и да спречат понатамошни миграции и хуманитарна драма.