Dejan Maksimovic
11 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
БРИСЕЛ (АА) - По повод 22-годишнината од геноцидот во Сребреница со заедничка изјава излегоа и Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и европскиот комесар Јоханес Хан. Во заедничката изјава истакнаа дека нивните срца и мисли се со жртвите од геноцидот, со нивните преживеани семејства и пријателите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Додека ја одбележуваме 22-годишнината од геноцидот во Сребреница, нашите срца и мисли се со жртвите и нивните преживеани семејства и пријатели. Денес им оддаваме почит на жртвите“, истакнуваат Могерини и Хан во соопштението, и продолжуваатт:
„Вредностите кои се толку драматично прекршени пред 22 години - како што се почитувањето на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста - сега се во сржта на нашиот ангажман во Босна и Херцеговина и нејзините граѓани на патот на земјата кон интеграција во Европската Унија“.
Додаваат дека лидерите од регионот и утре ќе се состанат во Трст, и заедно ќе разговараат во однос на тоа како може регионот да напредува со заеднички иницијативи.
„Процесот на придружување кон Евриопската Унија е тука да го следи целиот регион кон помирувањето, правдата и соработката“, заклучуваат Могерини и Хан.
Во Меморијалниот цетар Сребреница - Поточари, денес ќе бидат погребани посмртните останки на 71 жртва од геноцидот, извршен во јули 1995 година. На гробиштата во Меморијалниот центар до сега се погребани 6.504 жртви на геноцидот, а се трага по уште околу илјада.