Islam Uddin
02 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
АНКАРА
Најмалку 162 рудари загинаа во свлечиште во рудник за жад во Мјанмар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди противпожарната служба на оваа земја.
Се истакнува дека во рудникот за жад кој се наоѓа во градот Хпакант се случи свлечиште предизвикано од поројните дождови во мјанмарската држава Качин.
Властите соопштија дека во свлечиштето загинаа 162 рудари, додека 54 лица се повредени кои потоа биле пренесени во околните болници.
Продолжуваат операциите за пребарување и спасување за рударите кои се затрупани во земја.
Се нагласува дека во рудникот работеле околу 200 рудари, додека постои загриженост од зголемување на бројот на жртвите.
Мјанмарксата влада на 26 јуни побара затворање за три месеци на рудниците во Хпканат поради свлечиштата кои се случуваат поради дождовите во оваа сезона.