Ata Ufuk Şeker
15 Ноември 2018•Ажурирај: 16 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, истакна дека на 25 ноември ќе се одржи Самит на лидерите на Европската Унија (ЕУ), со цел да се заврши и официјализира Договорот за Брегзит, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск одржа прес-конференција во Брисел која се одржа по постигнатото усогласување за Нацрт-договорот за Брегзит постигнат меѓу ЕУ и Велика Британија.
Туск излегувањето на Британија од ЕУ го опиша како „губитник-губитник“ (lose-lose) ситуација, и додаде дека „преговорите за Брегзит се организираат со цел да се контролираат штетите кои ќе произлезат од тоа“.
Туск нагласи дека 27-те земји членки на ЕУ започнале да го оценуваат Договорот.
„Во случај да не се случи некоја вонредна состојба, на 25 ноември ќе се одржи Самит на лидерите на ЕУ, со цел завршување и официјализирање на Договорот за Брегзит“, додаде тој.
Кон крајот на прес-конференцијата, главниот преговарач за Брегзит на Европскиот совет, Мајкл Барниер, на Туск му го достави Нацрт-договорот за Брегзит постигнат меѓу ЕУ и Британија.