Mustafa Melih Ahıshalı
08 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 10 лица починаа од труење со алкохолни пијалаци во градот Бандар Абас во јужниот дел на Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Медицинскиот факултет во Хормозган, Фатма Неврузијан, за агенцијата „Тасним“ изјави дека поради труење со фалсификуван алкохол во болницата во Бандар Абас хоспитализирани се вкупно 75 лица.
„Починаа 10 лица, вклучувајќи и една жена. Меѓу хоспитализираните се и четири лица кои се во животна опасност“, рече Неврузијан.
Продажбата и консумирањето алкохолни пијалаци во Иран е забрането за граѓаните муслимани. Такви пијалаци во Иран претежно увезуваат криумчарите или се произведуваат во непријавени места.
Според иранскиот закон, оние што произведуваат, купуваат или продаваат алкохолни пијалаци, се казнуваат со затворска казна или со камшикување.