Ekrem Biçeroğlu
16 Ноември 2024•Ажурирај: 17 Ноември 2024
ГАЗА (АА) - Во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа убиени се најмалку 35 Палестинци, со што бројот на убиени од 7 октомври минатата година се зголеми на 43.799, известува Анадолу.
Министерството за здравство во Газа објави извештај за билансот на страдањата во изминатите 407 дена на нападите на Израел врз блокираниот Појас Газа.
„Окупаторските израелски сили извршија три нови масакри во појасот Газа во изминатите 24 часа, убивајќи 35 Палестинци и ранувајќи 111“, се наведува во соопштението.
Бројката на убиени Палестинци во израелските напади од 7 октомври се зголеми на 43.799, а бројката на ранетите изнесува 103.601.
Во соопштението се наведува дека голем број убиени Палестинци сѐ уште се наоѓаат под урнатините, бидејќи спасувачките тимови не можат да спроведуваат операции на пребарување и спасување поради континуираните израелски напади.