Waleed Tariq
20 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
АТИНА (АА) - Најмалку три лица ги изгубија животите во бурата која наликува на ураган, наречена „медикан“ (медитерански ураган), што ја погоди Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Циклонот „Јанос“ ги зафати западните и централните делови на земјата во четвртокот вечерта и предизвика прекини на електричната енергија, свлечишта и ги принуди властите да ги затворат училиштата во овие области.
Службите за итна помош соопштија дека до доцна синоќа примиле 2.450 повици за спасувачки операции низ цела Грција. Реализирани се најмалку 896 спасувачки акции.
Соопштено е дека е исчезната 43-годишна жена по која трагаат спасувачките служби.
Бурите налик на тропските се ретки во овој регион, но се тврди дека се резултат на климатските промени.
Грција беше погодена од слична бура и во 2018 година.