Zehra Ulucak
25 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Челниците и соосновачите на социјалната мрежа Инстаграм, Кевин Систром и Мајк Кригер ја напуштаат компанијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Инстаграм е социјална мрежа наменета за објавување фотографии и видеоснимки, а компанијата во 2012 година ја купи Фејсбук.
Извршниот директор на Инстаграм, Систром, соопшти дека со пријателот Кригер донеле одлука за повлекување од компанијата поради будење на творечки и иновативни идеи.
Систром веќе најави дека е подготвен за отворање на нова интернет страница и додаде дека повлекувањето е нужно поради оживување на личната креативност и подобра перцепција на современите потреби на општеството.
И Кригер на социјалните мрежи ја потврди одлуката за напуштање на Инстаграм и започнување на нови деловни предизвици и проекти.
Челникот на Фејсбук, Марк Закерберг, ја коментираше одлуката на Систром и Кригер и напиша дека Инстаграм претставува плод на нивното творештво и креативност.
„Многу научив и уживав во текот на шесте години заедничка работа. Со нетрпение очекувам што ново ќе развијат“, порача Закерберг.
Без оглед на коментарот на Закерберг, аналитичарите тврдат дека Систром и Кригер често биле во одредени несогласувања со челниците на Фејсбук, и дека тоа е причината за нивното повлекување.