Seyyid Emin
24 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во рамките на активностите што ги спроведува Интернационалниот балкански универзитет (ИБУ), во Скопје се одржува конференција на тема „Следните 10 години: Развој на кариера во денешното брзо темпо на живот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Презентацијата ја водеше Ердем Челик, одговорен директор за продажба во Турција на апликациите од семејството на Фејсбук од канцеларијата во Лондон, во кои спаѓаат Фејсбук, месинџер, Ватсап и Инстаграм. На конференцијата учествуваа професори и студенти.
Челик во своето обраќање истакна „Денеска, тука, заедно со нашите пријатели од Интернационалниот балкански универзитет ќе разговараме на тема како треба да се изведе развој на светска кариера во претстојните 10 години, во свет кој многу бргу се менува. Ќе ги споделам моите искуства, препораки, трендови.“
Заменик-ректорот на ИБУ, доц. д-р Шенер Билал, информираше дека во новата образовна година, ќе организираат конференции на различни теми, на кои ќе учествуваат интелектуалци, политичари, државни претставници и научници од различни земји.
Истакнувајќи дека главна цел на конференцијата е информирање на младата генерација за влијанието на социјалните медиуми за наредните 10 години, Билал рече „Верувам и убеден сум дека по оваа конференција, нашите студенти, многу посвесно и поинформирано ќе ги користат социјалните медиуми.“